До крајот на годинава, за време на парламентарните и локални избори во Авганистан, Германија ќе додели помош до 430 милиони евра за низа проекти во земјата

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 9:00

Германија со повеќе од 430 милиони евра за помош на Авганистан

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Германските власти најавија помош од 432 милиона евра за економски развој на Авганистан во 2018 година.

Помошта ќе биде наменета за отворање работни места, подобрување на квалитетот на водата, за снабдување со енергија на руралните подрачја, јакнење на положбата на жените. – изјави германскиот амбасадор во Авганистан, Петер Пругел, на прес конференција во Кабул.

Дел од помошта ќе биде и за подобрување на владеењето на законите, образованието и за борба со корупцијата.

По повеќе од три години доцнење, во октомври е планирано одржување парламентарни и локални избори во Авганистан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести