И само прогласениот претседател на Собранието Талат Џафери го немало во избирачкиот список и денеска не можел да гласа на денешниот референдум.
При пребарување на апликацијата за избирачки список на sec.mk (ДИК), неговото име го нема на списокот.
Претходно јавноста дозна дека и поранешниот претседател Бранко Црвенковски не гласал оти и него го немало на избирачкиот список. Црвенковски се обидел да гласа со пасош, објави Цивил, но бидејќи го немало неговото име не му било овозможено да гласа на ИМ во Капиштец.
Народниот правобранител во неколку изборни циклуси нотира дека при правењето на избирачкиот список се користи спорна методологија, односно од него автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворање на избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес.
Досега не е преземено ништо во врска со тоа прашање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.