По провокациите од претседателот на Косово, се огласи и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ кој соопшти дека затворот во Шевенинген наскоро ги очекува и таму

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 10:41

Дачиќ: Ќелиите во Шевенинген ги чекаат обвинетите за злосторствата на ОВК

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Остри реакции и и шефот на српската дипломатија по провокациите на претседателот на непризнаената држава Косово.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека затворот во Шевенинген се подготвува да ги прифати првите обвинети од ОВК од страна на Специјалниот суд, за злосторства извршени над Србите во Косово.

Тој за “Вечерње новости” изјави дека “се празни цел еден кат од затворот” за да биде подготвен за оние на коишто ќе им се суди.

“Верувам дека оваа информација е најава за конечната правда за сите српски и други жртви на терористичката ОВК, чиишто некогашни перјаници сега се угледни носители на највисоки функции во Косово и Метохија.” – рече Дачиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.