По масовното приведување на припадници на турската армија, кои се сомничат за поврзаност со Ѓулен, на ред со судска пресуда од 10 години затвор дојде и неговиот роден брат

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 10:54

Братот на Фетулах Ѓулен во Турција осуден на 10 години затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Братот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Кутбетин, осуден е во Турција на 10 години и шест месеци затвор поради наводно членство во вооружена терористичка група, објавија турските медиуми.

Тој беше осуден на затвор од страна на судот во Измир, а се тврди дека Кутбетин Ѓулен, кој беше притворен во Денизли од октомври 2016 година, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Неговиот брат Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е осомничен дека е главен организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година.

Оттогаш илјадници граѓани се уапсени во Турција под сомневање дека се поврзани со неговото движење, а повеќе од 110 000 државни службеници беа отпуштени или суспендирани, вклучувајќи ги и припадниците на војската, полицијата и новинарите.

Официјална Анкара постојано бара од САД да го екстрадираат Ѓулен, сепак, Вашингтон одби.

Притворени 26 припадници на турската Армија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести