Правниот застапник на терористите од "Диво Насеље", Исеини Артене со барање и нејзините клиенти да бидат амнестирани во духот на Преспанскиот договор, обвинети за "сродно дело"

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 12:27

Исеини: Заев покажа машкост, истото го барам и за моите клиенти од “Диво Насеље”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повикот за национално обединување, искажан од премиерот Заев, што беше протолкуван како повик за амнестија, веќе наидува на реакции од бројни судски случаи.

Артене Исеини, адвокат на дел од осудените за тероризам од кумановските настани во Диво Насеље кои се случија на 9 и 10 мај 2015 година, реагираше во врска со обраќањето на премиерот Зоран Заев во Парламентот на Република Македонија, од каде што упати пораки и подаде рака за простување за собраниските настани од 27 април 2017 година.

Исеини смета дека со овој апел Заев покажал машкост и цивилизираност и бара подадената рака за помирување и простување да ги опфати и осудените за тероризам од случајот “Диво Насеље”.

Македонскиот Парламент отвори дебата за ратификација на Преспанскиот договор. Во своето обраќање премиерот Заев, една од жртвите и главната цел на нападот од 27 април 2017 година, упати повик до пратениците за прошка и ја подаде раката на помирување. Тој помина преку неговите и раните на неговите другари, кои се уште крварат заради европската иднина на земјата. – истакна Исеини на почетокот.

Адвокатката на терористите од “Диво Насеље” веднаш потоа побара амнестијата да се прошири и за делата за кои се сомничат нејзините клиенти.

Господине премиер на Македонија, видете ги јасно каузалните поврзувања на овие два настани. Со политичка волја и земајќи ги во предвид безбедноста и просперитетот на општеството и државата, простување и раката помирување мора да се подаде не само на партиските опоненти, туку и за учесниците во Кумановските настани.

Со простувањето на настаните од 27 април Македонија покажува зрелост дека конечно со државата владеат демократи со европска ориентација. Со проштевањето за 9 мај, Македонија покажува капацитет за живеење во добрососедски односи и меѓудржавна безбедност со сите соседни земји, особено со Косово. Ова е во духот на Договорот Преспа – добрососедство и меѓусебно почитување. – напиша Артене Исени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.