Откако го избркаа до СДСМ и како партиски претседател и како премиер на Влада, Владо Бучковски реши да го решава внатрепартискиот "конфликт" во ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 7:31

Бучковски од Бугарија, за тоа какво ВМРО – ДПМНЕ сака тој

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер, поранешен претседател на СДСМ, поранешен министер и избркан член на партијата, Владо Бучковски, за време на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ со изјави каква партија тој очекува да биде опозицијата.

Тие што ги гледаат работите и ги знаат деталите ќе кажат дека Македонија направила клучен исчекор со постигнувањето на двотретинското мнозинство во Собранието. – вели поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската ТВ Европа.

Бучковски ги коментираше и случувањата во ВМРО – ДПМНЕ, коментирајќи дека на Македонија и е потребна силна демохристијанска опозиција, но прозападно ориентирана.

Сепак, тој смета дека во редовите на ВМРО – ДПМНЕ ќе има сериозни турбуленции.

За Македонија е битно да има конструктивна опозиција, но деструктивноста на ВМРО – ДПМНЕ која беше на дело во изминатите три месеци остави мал простор за компромис. Мислам дека ќе има сериозни турбуленции во ВМРО – ДПМНЕ.

На Македонија и треба сериозна опозиција и треба силна народна демохристијанска партија, но прозападно ориентирана. Вака мнозинството граѓани во Република Македонија кои се за ЕУ и НАТО во дејствувањето на Христијан Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ во последните неколку месеци препознаа сериозно руско влијание. – вели Бучковски.

Според Бучковски, промените во уставот и како имплементацијата на Договорот од Преспа ќе се одрази на македонско-бугарскиот договор

Владо Бучковски е единствениот премиер на Република Македонија, воедно и претседател на СДСМ кој има активна мерка затворска казна во времетраење од 3.5 години за аферата “Бугарски тенковски делови” а е одновен дел и од аферата “Маѓар Телеком”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести