Русија е решена да стави крај на "американските приказни за мали деца" дека Москва а не Вашингтон вршеле оркестриран притисок врз пратениците да гласаат за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 10:45

Русија “распали” по Бејли, во петокот го водел целиот процес во Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Продолжуваат препукувањата и обвинувањата на релација Русија – Америка околу гласањето за отворање на уставните измени.

Рускотот МНР повторно го обвини американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, познат и како “скопско Кале” и “чадорот” дека тој во петокот го водел целиот процес во Собранието.

Би сакале да потсетиме дека токму САД, а не Русија, неодамна на 19 октомври, користејќи бескрупулозни методи – со користење на уцени, закани и подмитување на пратениците – ја отфрлија одлуката за поведување постапка за измена на македонскиот устав во парламентот на оваа земја.

Вреди да се забележи дека американскиот амбасадор во Скопје, кој се наоѓаше во зградата на македонскиот парламент, директно го управуваше овој процес. -изјави портпаролка на МНР на Русија, Марија Захарова.

Прво вакво обвинување до Џес Бејли беше упатено во понеделникот, што тој го демантираше.

Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта, а како и повеќето граѓани на Македонија – го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба. -изјави Бејли, нарекувајќи ги руските обвинувања против него за апсурдни.

Обвинувањата од Москва за притисок и уцени врз пратениците од опозицијата претходно ги отфрли и македонското МНР, како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Македонија и за сите нејзини граѓани.

Но ова е само последното во низата препукувања меѓу Моска и Вашингтон за Преспанскиот договор кои траат подолг период, а се интензивираа по гласањето во Петокот.

Реакцијата на руското МНР е на изјавата на заменик помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, околу имплементација на Преспанскиот договор, реплицирајќи му дека неосновано ја обвинил Москва за „очигледно мешање” во внатрешните политички процеси во Македонија.

Истовремено руското МНР повторуваат дека референдум одржан на 30 септември е неуспешен.

Овој пат нема реакција од американска страна за новото обвинување кое стигна од Москва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести