Ногачевски за градоначалник на општина Дебарца е избран на последните локални избори, минатата година, како кандидат на владеачката СДСМ, за инцидентот сеуште нема пријава

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 7:33

Градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачевски тепал фудбалски судија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачевски е функцинерот на СДСМ што во неделата предизвикал тежок инцидент на натпревар меѓу општинска фудбалка лига.

Ногачевси, заедно со уште едно лице кое било одговорно за безбедност на напреварот физички го нападнале главниот судија.

Инцидентот се случил во неделата на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалски натпревар помеѓу два фудбалки клуба од најниската македонска фудбалка лига.

Градоначалникот не бил уапсен за физичкиот напад а синоќа и покрај десетици сведоци МВР не објави дека против него е поднесена сооветна пријава.

Скандалот со градоначалникот го открија членови на СДСМ кои бараат неселективна правда за сите граѓани.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека работат на негово расветлување.

На 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, во СВР Охрид било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот. – стои во полицискиот билтен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.