Поради болеста на обвинетиот Сашко Марковски, кој денеска е задржан во болница, а беше хоспитализиран вчера, кога му се слоши на рочиштето, се одложи судењето

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2018 13:03

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска го одложи денешното рочиште

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поради болеста на обвинетиот Сашко Марковски, кој денеска е задржан во болница, а беше хоспитализиран вчера, кога му се слоши на рочиштето, се одложи судењето за настаните од ,,27 април‘

Судењето за настаните од ,,27 април‘‘ денеска е одложено поради болеста на обвинетиот Сашко Марковски, кој е задржан во болница поради повеќе испитувања. На вчерашното рочиште на Марковски му се слоши, при што беше повикана и брза помош.

,,- Со оглед дека Сашко Марковски е хоспитализирани и потребни се уште неколку испитувања се одложуваат денешното и  рочиштето закажано за утре. Судењето продолжува на 2 ноември во 10 часот, изјави претседателката на судечки совет Добрила Кацарска.‘‘

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Митко Чавков,  Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Митко Пешовски,Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски,  Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен,Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Овој случај се наоѓа во доказна постапка, а треба да се продолжи со прегледување на видео снимките од безбедносните камери во Соранието на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.