Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, при поставување пратеничко прашање до премиерот на денешната седница ги прокоментира последните случувата во Собранието.
Според него желбата за ревашизам на актуелната власт е поголема од желбата за креација и исполнување на ветените капитални инвцестиции.
Пратеникот Стојан Миланов, пред две недели не гласаше за уставни измени и завчера доби кривична пријава.
Ние сме во Собрание каде што буквално во 07.00 саат може да те ослободат од затвор за да гласаш во 21.00 навече и после тоа е во ред.
Ваква состојба во Македонија 60 години наназад немало. Сите се во грч, нема правда, има само неправда. И затоа никој ништо не потпишува. – рече Ѓорчев.
Тој го повика премиерот, Зоран Заев, на тв дуел со претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски каде ќе дебатираат за економските состојби и капиталните инвестиции.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.