Една од ретките земји во Европа каде што смртноста од рак се зголемува во последните 15 години е Македонија.
Затоа ние во „Борка“ сметаме дека е наша должност како здружение, на секој можен начин да ја подигнеме свесноста за овој проблем, истакна Биба Додева, претседателката на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“, на национална конференција за рак на дојка.
Сакаме да се ревидира позитивната листа на ФЗО за лекови, нови лекови, достапни терапии коишто ќе ги имаат пацинетите во Македонија.
Конечно да видиме план за отпочнување на таа процедура. Да се зголеми финансирањето и да се овозможи пристап до нови лекови и терапии, да се алоцираат посебни средства од буџетот и да се централизираат набавките на лековите, како што беше тоа најавено.
Тендерите да не траат подолго од три месеци и основен критериум на сите сите овие тендери да не биде само цената, туку и квалитетот, истакна Додева.
Венко Филипче министерот за здравство истакна дека во текот на целиот месец работаат на подигнување на свеста кај граѓаните за ракот на дојка и на намалување на чекањето за преглед и воведувањето дополнителни термини за мамографија.
Посочи дека нивна задача е да им обезбедат на сите граѓани квалитетна здравствена заштита, потенцирајќи дека во текот на минатата недела бил потпишан Меморандум за психолошка поддршка со пациентите заболени од карцином.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.