Македонија била и Народна и Социјалистичка, станала и независна и суверена, самостојна Република, но никогаш не била Северна затоа што тоа го негира Македонскиот идентитет

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 10:56

Македонија во 75 години три пати го менувала Уставот, дознајте зошто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уставот на Македонија претставува највисок правен акт со кој се дефинира државното уредување на Република Македонија и се потврдува државноста.

Во историјата, овој правен акт, од 1946 година до денес е коренито променет три пати. 

Сите три измени се однесувале на општественото уредување во кое функционирала државата Македонија, но во ниту еден момент не биле негирање постоењето на Македонска држава и Македонска нација.

Три комплетно нови уставни акти во кои историскиот континуитет секогаш се надградувал, но никогаш не се бришел.

Четвртата промена на Уставот е класична капитулација, по која ќе се создаде килавата творба наречена Република Северна Македонија, држава на Македонците кои не се народ а најмалку нација.

Имено првиот Устав на Народна Република Македонија, целосно базиран врз Решенијата и Одлуките на АСНОМ, е донесен на 31 декември 1946 година.

Уставот на Народна Република Македонија го уредува нејзиното општествено уредување, таа е народна држава на Македонскиот народ и заедниците во неа. Официјален јазик е Македонскиот и таа е континуитет на Македонската борба за независна и самостојна држава низ историјата а уреден согласно одлуката на АВНОЈ и Решенијата и Одлуките од АСНОМ.

Уставот на Социјалистичка Република Македонија е донесе на 25 февруари 1974 година, многу покасно отколку што се мисли дека Македонија била во социјалистичко уредување. Со него исто така се потврдува само новиот сегмент на промена од народна во социјалистичка но во Преамбулата се повторуваат истите факти, но како и во уставот од 1946 година се гарантираат правата на народностите, т.е. заедниците кои живеат во Македонија а не се Македонци. 

Уставот на Република Македонија е последната промена на овој државотворен акт кој се случил на 17 ноември 1991 година. Македонија станува самостојна, независна и суверена држава со републиканско уредување кое се подразбира од зборот Република. 

Во сите три Устави, измените се пред републиканското уредување, Народна и Социјалистичка се уредување на општествено политичкиот сегмент на владеење, но тие не носат последици кон Македонската држава и Македонската нација воопшто.

Новите предлог амандмани во основа се промена на Уставот. Уставот на Република Северна Македонија се кобни по Македонската држава а особено по Македонскиот национален идентитет. Се што следи по уредувањето (Република) е дел од името на државата а со тоа и нацијата, така логично е дека во Северна Македонија нема да живеат Македонци.

Ова се правните факти, кои можеби човекот од бизнис секторот, Заев не ги знае, но неговата министерка за правда, Дескоска и тоа како добро ги разбира и бега од фактот што мора да се соочи со нив.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.