Тема на дебата помеѓу пратениците Стевананџија и Богоевски беше и набавката на 20.000 шишиња љубриканти, по чија единечна цена може да се откупат 830 килограми јаболка

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 7:21

Со цена од еден лубрикант се откупуваат 830 килограми јаболка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Жестока дебата синоќа на Канал 5 Телевизија, дебатираат пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија и познатиот шарен револуционер, пратеник од СДСМ, Павле Богоевски.

Во еден дел од емисијата Стевананџија го потсети Богоевски на тендерот за набавка на 20.000 шишиња лубриканти, притоа изложувајќи еден примерок на дебатната маса.

Стевананџија на својот противник Богоевски му образложува дека прво со милион и пол евра, работниците во „Еурокомпозит“ можат да земат плата, а не луѓето да молат и да одат да штрајкуваат пред Влада. Со тие милион и пол евра, сто милиони денари за вакви лубриканти требало да се наменат на пример за работниците од „Охис“.

Со тие пари исто така владата можела да направи спортски сали, да направи училишта, да не јадат студентите повеќе шајки во нивните оброци.

Стевананџија го запраша  Богоевски како борец на „Шарената Револуција“ сега Шарен функционер дали не е подобро тие милион и пол евра да ги насочиле во студентскиот дом „Гоце Делчев“, да не се молат студентите 25 дена да немаат топла вода во 21 век. Дали не е подобро, праша тој, тие милион и пол евра да ги насочиле на општина Битола или на општина Прилеп за да не се зафркаваат со Битолчани, кои добиле 3 автобуси стари 60 години за да се возат деца, да ги ризикуваат своите животи.

Богоевски меѓ удругото се покажа како добар познавач посочи дека примерокот кој го изложи Стевананџија бил еден од најскапите.

Еден лубрикант во Република Македонија чини 415 денари. За 415 денари во овој момент во Ресен можат да се купат 830 килограми јаболка. 830 килограми јаболка за еден лубрикант, појасни Димитар Стевананџија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.