Мицкоски се осврна и на новите избори на кои СДСМ ќе доживее дебакл, но и на одметнатите пратеници, партизираното судство но и кој пратеник пласира лажни вести до ЕПП

Објавил: Мартин Попоски | 10 ноември, 2018 8:32

На референдумот СДСМ доби шлаканица, на избори ќе доживее тежок нокаут

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше за состојбите во ВМРО – ДПМНЕ за промените кои се случуваат во самата партија.

Ова според него е нормална работа во политиката каде се менуваат луѓето и политиките.

ВМРО – ДПМНЕ помина низ еден катарзичен период во кој се случија определени промени. Всушност во политиката тоа е нормален процес тоа е динаминчна работа, се менуваат луѓето се менуваат политиките но она што знам сигурно е дека ВМРО – ДПМНЕ не само што ќе порази СДСМ туку ќе го порази и жестотко. На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата а нокатутот ќе го добие на следните предвремени или редовни парламентарни избори. – рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на одметнатите пратеници кои беа исклучени од партијата откако ги гласаа позитивно за уставните измени.

Имаме една пратеничка која што гласаше за отпочнување на Уставните измени, но така жестоко ги напаѓаше на Комисиската расправа што просто не можам да поверувам дека таа е истата личност. Потоа истата таа пратеничка гласаше против, не само она, туку сите од пратеничката група на Коалицијата за подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, гласаа против дневниот ред на кој што точка беше отпочнување на уставните измени, за да видиме неколку дена потоа како таа пратеничка жестоко ги брани овие уставни измени. Кога била европска- кога жестоко го напаѓала Преспанскиот договор, кога гласала против отпочнување на дневниот ред или сега кога оди по светов и зборува невистини и се обидува да игра игра- пронајди го виновникот. – истакна Мицкоски

За претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е време да се расчисти со партизираното судство.

Потоа имаме пратеник кој што е потпишан на документ дека нема да гласа за уставните измени, а потоа гледаме дека тој пратеник гласа и тоа се случило за неколку дена, не се случило месец или години претходно. Кога бил тој проевропски- кога се потпишал дека нема да гласа или откога се потпишал дека ќе гласа? Тука не станува збор дали сме ние антизападни или прозападни или слично, станува збор за тоа дали се под пристисок или не се под притисок, самото тоа вас ви кажува. – рече Мицкоски.

Воедно Мицкоски и додаде:

ВМРО – ДПМНЕ има докази, но на кое судство да ги даде, на Кацарска судството да ги дадеме? На Русковска обвинителството да ги дадеме? И да очекуваме дека ќе имаме правда и правдина, дека ќе имаме правилна разрешница? Тоа не може да се случи. Но, верувајте ќе дојде денот кога сите докази ќе бидат презентирани на македонската јавност, што всушност се случуваше на тој црн петок, кој што ние го нарекуваме. – истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше околу собирот на народните партии на Европа во Хелсинки и за лажните вести кои беа продуцирани за време на неговиот престој таму. Притоа тој посочи дека кај меѓународната заедница владее погрешна перцепција околу вистинските настани кои се случувале на самиот самит.

Во меѓународната заедница за жал владее погрешна перцепција дека некој овдека од ВМРО – ДПМНЕ користи насилни методи дека се служи со закани ги притиска пратениците што екомплетно погрешно и погрешни вести стигаат од тука. Видовме дека и каналот на тие погрешни вести преку кој иде е еден пратеник од една соседна земја кој ги лиферува тие вести и кои апсолутно не се точни. – рече Мицкоски.

Мицкоски притоа посочи дека имал можност да разговара за вистинските настани кои се случуваат во Македонија и однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ. Тој потенцира дека никогаш не подржувал и го осудува секој вид на насилство, закани и уцени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.