ПРВАТА ДАМА НА САД ПОТРОШИЛА РЕКОРДНИ 174.000 ДОЛАРИ ЗА ЕДЕН ДЕН НА ХОТЕЛСКИ СМЕШТАИ И ЛИЧНИ ЛУКСУЗНИ ПОТРЕБИ.
Како што јавуваат од Америка спрема федералните трошоци првата дама на САД Меланија Трамп за еден ден потрошила невероватни 174.000 американски долари, на хотелски смештај и свои лични потреби, додека била на едно дневна посета во најскапиот и најлуксузен хотел во Торонто.
Нејзината портпаролка Стефани Гришам која е одговорна за цела нејзина организација, нарачала еден комплетен тим кои бил задолжен за негата, шопинг, безбедност, комуникации и потреба на автомобили за првата дама на САД да се чуствува безбедно и негувано.
Меланија Трамп била во Торонто да помогне во фондацијата “Inviktus gejms”, кој во 2014 година ја основаше британскиот принц Хари за спортистите со инвалидитет и кој имаше голема улога во фондацијата.После посетата на Торонто и фондацијата Меланија Трамп се вратила во Сад со што додатно се зголемил економскиот приход затоа што се вратила порано од предвидените денови.
Општо е познато дека таа е голем љубител на мода и секогаш е облечена во најнови модели од познатите светски модни куќи .Таа изјави дека тоа е нејзината страст и опсесија и дека секогаш ќе остане достојна и верна на овие модни брендови,кои го исполнуваат нејзиниот живот.Меланија Трамп важи за една од нај стилизираните жени на претседатели и таа секогаш е бурно следена од медиумите во светот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.