По дипломатските "шамари" за Димитров, нови за обвинителството, на Балканот исти мерцедеси набавиле и поренешниот претседател Борис Тадиќ но и премиерот на Еди Рама

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 12:31

Рама набавил не еден туку три исти мерцедеси како Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По изјавата на претседателот на Србија, дека неговиот претходник, Борис Тадиќ си купил ист мерцедес како и поранешниот премиер на Македонија, Груевски, се огласи и Албанија.

Имено повеќе од извесно е дека мерцедесот за чија набавка Никола Груевски е осуден на две години казна затвор, го набавиле сите соседи на Македонија.

Така поранешниот премиер Сали Бериша ги стави на иста линија албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер Никола Груевски.

Поканет во емисијата „5 прашања од Бабарамо“, Бериша се изјасни дека исто како Груевски и Еди Рама, купил автомобил за иста цена како на поранешниот македонски премиер, кој Груевски го чинеше две години затвор.

Зошто е осуден Груевски, знаете ли? Дека увезе Бенз, исто како Рама за себе. Кога Рама стана премиер, тој имаше автомобил, но не совршен.

Подоцна си купи уште еден за себе, како Груевски. Тој го доби и автомобилот кој беше наменет за делегацијата.

Па пред една и пол година си купи уште еден со иста цена како на Груевски. Идентичен со иста цена си купи и Рама. Дали му направи чест за заеднички криминал на Груевски? Е за ова треба да го прашаме лично Еди Рама. – изјави Бериша.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.