Ако уште размислувате каде да ги поминете новогодишните празници и еден убав зимски одмор, ви издвоивме неколку дестинации во кои веруваме дека ќе се чувствувате прекрасно и исполнети.
После овој одмор на една од овие преубави дестинации во Европа ќе посакате пак да ги посетите и видите нивните природни убавини.
Ви ги претставуваме најпопуларните зимски идила во Европа:
Рованиеми, Финска
Рованиеми е најпознат по тоа што е тоа село во кое живее Дедо Мраз. Одалечено е 840 километри од Хелсинки, а 2500 километри од Северниот пол. Во селото има и црква, фабрика со играчки, историски музеј и пошта на Дедо Мраз. Овде се наоѓа и познатиот хотел од снег. Најниската температура во овој хотел е 0 степени.
Кицибил, Австрија
Кицибил претставува едно од најромантичните места, идеални за зимските празници. Се наоѓа на 800 метри надморска висина. Овој мал град има околу 8500 жители и е типичен центар за елитен туризам. Датира од 12 век. Аква арена или арена од вода е исто така атракција во ова село. Водата не е термална, туку се загрева. Исто така има и сауни, базени, велнес програми, фитнес и др.
Иглс, Австрија
Иглс е одморалиште во Австрија кое е отворено за туристи во текот на цела година, но најмногу вреди во текот на зимските месеци. Овој скијачки центар поседува 8 ски-лифтови со над 20 км патеки наменети за спуст и за крос-кантри. Постојат и полигони за сноуборд, санкање и лизгалиште.
Рејкјавик, Исланд
Исланд е остров каде зимите не се многу студени и каде може да ви се понуди необична тура поврзана со самовилите. Ова е вулкански остров, парадокс на оган и мраз. Богат е со голем број на гејзери. Во Рејкјавик, главниот град, ќе имате можност да го запознаете животот на Викинзите, да се искапете на отворено, бидејќи големиот вулкан е всушност голем базен.
Шамони, Франција
Шамони е еден од најпознатите ски центри во подножјето на Мон Блан, на Алпите. Тука во 1924 година биле одржани првите Зимски олимписки игри. Познат е и по својата спектакуларна жичарница, која е долга 3,842 метра. Местото е центар на сите активности, особено на оние поекстремните како клајмбинг, алпинизам и скијање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.