По гласањето на фамозните резолуции од Европскиот парламент за екстрадиција на Никола Груевски назад во Македонија, се огласи и официјална Будимпешта, со кратка констатација

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 11:37

Унгарија до ЕУ: Ma какви резолуции, Груевски останува во Будимпешта

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Унгарија возврати на театарот кој вчера го приреди Европскиот парламент кој усвои своевидни резолуции за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, назад во Македонија.

Официјално се огласија од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, со став дека такви претстави се за во театар, можеби циркуз но не и за сериозни држави каде владее правото а не политичките – партиски одлуки.

Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара Унгарија да го екстрадира екс премиерот, Никола Груевски, нема никаква важност. – вели Државниот Секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на Виктор Орбан, Золтан Ковач.

Во интервју за телевизијата, „Ехо“, Ковач појаснува дека Европскиот парламент не треба да се меша во правните работи на земјите.

Постапката за политички азил на Груевски не е политичка, туку правна работа.

Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата на Груевски и она што го прави е дека го пика носот таму каде што не му е местото.

Верувам дека мнозинството пратеници гласаа за резолуцијата, иако тие немаат никаква врска со случајот Груевски. Најголемиот грев на Груевски е што изгради ограда и застана во одбрана на Европа од тероризмот и миграцијата. – изјави Ковач

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...