Без ветената жестока дебата, пратениците на т.н. владеачко мнозинство за три дена ги изгласаа четирите нацрт амандмани на Уставот на новата држава без Македонски народ

Објавил: Мартин Попоски | 4 декември, 2018 7:37

По кратка постапка изгласани амандман XXXV и XXXVI

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По кратка постапка, без долги дискусии и реплики пратениците ги изгласаа 3 и 4 амандман на Уставот.

Против беа пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, додека тројца од независната пратеничка група се произјаснија воздржано.

Со третиот амандман Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на  соседните држави, додека  четвртиот гарантира грижа за македонскиот народ во соседните држави.

Опозицијата смета дека третиот амандман е непотребен затоа што Македонија никогаш немала територијални претензии. Се сомневаат  дека сето ова е проформа и дека не е нивната вистинска содржина.

Заменик министерот за надворешни Андреј Жерновски уверува дека со амандманот се гарантира дека границата со Грција ќе остане неповредлива.

БЕСА на Касами и Алијансата на Албанците побараа во четвртиот амандман да се вметне одредба за заштита на идентитетот и на другите заедници.

По завршувањето на втората фаза од уставните измени ќе отпочне јавна расправа која ќе трае пет дена, по што ќе се пристапи кон третата фаза, односно гласање за уставните амандмани за кои е неопходно двотретинско мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.