И претседателот на Грција јасен на ставот дека уставните амандмани и промената на Уставнот не им значат ништо, грчка ревизија на членовите од Преспанскиот договор е суштината

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 12:41

Павлопулос: Скопје може да гласа што сака, мора да има грчка ревизија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пред ратификацијата и во пресрет на дефинирањето, нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа, порача претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, на средбата со неговиот словенечки колега, Борут Пахор.

Павлопулос ги коментираше, како што рече „неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија“.

Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тект бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, чистата сметка, прави добри пријатели. – рече Павлопулос.

Грчкиот претседател ги повтори и неговите позиции поврзани со трите грчки т.н. национални прашања, а меѓу нив и спорот со името и Договорот од Преспа, додека пак претседателот на Словенија го спомена Западен Балкан.

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, на покана на неговиот грчки колега, е во дводневна официјална посета на Грција.

Павлопулос рече дека само откако ќе заврши уставната ревизија согласно Договорот од Преспа, тогаш договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ.

За да се реши прашањето со името како што се договориве, ќе треба да постојат промени во правниот поредок, а пред се во Уставот на соседната земја. Промени за кои се договоривме да постојат согласно Договорот од Преспа и само кога ќе завршат овие промени во правниот поредок на соседната земја, само тогаш и кога ќе се утврди дека овие промени се во согласност со она што е договорно со Договорот од Преспа, само тогаш ќе може да постои покана за членство на оваа земја во НАТО, и само тогаш ќе може да оди напред било каков суштински интегративен процес. И тогаш, ќе биде можно да се дефинира и содржината на Договорот од Преспа, за потоа да дојде за ратификација во грчкиот Парламент. – објасни Павлопулос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.