Ова се правилата кои морате да ги следите при исхраната, а покрај тоа што ќе загубите неколку килограми, зависно од вашиот метаболизам, ќе го исчистите телото од токсини.

Објавил: admin@magazin | 6 февруари, 2022 9:28

Najефикасна диета од домати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со овој црвен плод ќе го исчистите телото од токсини,а во себе содржи витамини А и Ц, калциум и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни заболувања. Сто грама домати содржат само 18 калории, па совршен е за диета. Оваа диета трае 5 дена, а можете да ја повторите после 2 дена пауза.

За време на овие пет дена, морате да заборавите на слатки, бел леб, млечни производи со висока масленост, а предност ќе треба да им дадете на рибата, пилешкото месо, овошјето, зеленчукот и на интегралните житарки.
Смеете да користите само маслиново масло, а од зачините сол, бибер и ароматични билки. Секое утро потребно е да пиете чаша со млака вода на празен стомак, а задолжителни се најмалку четири оброка дневно.

Зеленчукот се консумира на повеќе начини како главен оброк и ужина. Хранливата вредност се разликува од зеленчук до зеленчук, додека сите содржат малку протеини и масти,и релативно високо количество на витамини, провитамини, хранливи минерали, прехранбени влакна и јаглехидрати. Многу зеленчуци содржат и фитохемикалии кои може да имаат антиоксидирачки, антибактериски, противгабични, противвирусни и антикарциногени својства.

Предлог за појадок:
Интегрално печиво, парче немасно сирење и еден домат
2 лепчиња на тост намачкани со маргарин и 2 парчиња шунка
200 грама јогурт со ниска масленост помешан со лажица мед и 2 лажици житарки
Прв ден
Ручек: домати со сирење
Измешајте 300 грама домати со 200 грама свежо сирење со ниска масленост. Одозгора полијте една лажица маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата каснете и 30 грама интегрален леб.
Ужина: 100 грама овошје по избор
Вечера: тестенини со сос од домати
Два моркови исечете ги на крукчиња и динстајте ги со малку маслиново масло. Потоа додадете 50 милилитри пилешка супа и динстајте уште пет минути. Во тавата додадете 450 грама исечкани домати, посолете и додадете половина лажичка мед. Оставете сосот да се крчка на тивок оган околу 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и полијте ги со сосот.
Втор ден:
Ручек: грчка салата
Исечкајте една главица црвен кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачинете ја по вкус. Одозгора додадете неколку коцки сирење. Со салатата каснете 30 грама интегрален леб.
Ужина: шолја црно кафе и две бисквити
Вечера: супа од ослич

Шеќерот, сухроза или сахароза, претставува бел кристал на тврд дисахарид. Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна. Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.Ако се зема во преголеми количини може да биде штетно за нашиот организам.

Две главици црвен кромид динстајте ги со малку маслиново масло и додадете два поголеми домати, кои претходно сте ги олупиле и исечкале на резанки, коцка за супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе се свари, додадете сечкани парчиња од филети ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.
Трет ден
Ручек: омлет
Исечкајте 100 грама шампињони и 300 грама домати и динстајте ги со малку маслиново масло. Кога водата ќе испари, додајте две јајца и убаво измешајте.
Ужина: 2 моркови
Вечера: телешко со домати
Испечете едно парче телешко месо, од 125-150 грамови. Во друга тава динстајте една исечкана главица црвен кромид и два домати, потоа додадете го и месото и оставете ги заедно на оган уште 15 минути.

Четврт ден
Ручек: ладна салата
Во блендер ставете 300 грама исечкани домати, една пиперка, краставица, една лажица маслиново масло, две чешниња лук и две парчиња тост искршен на парчиња. Ставете сол и бибер, изладете го и потоа уживајте.
Ужина: сендвич со домати
Вечера: полнети домати
Издлабете три домати и ставете ги во еден сад. Помешајте 100 грама свежо сирење, 125 грама недоварен ориз, малку босилок, исечкан домат и кромид, па со смесата наполнете ги доматите. Печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.

Мед — слатка вискозна супстанца која ја продуцираат пчелите.Пчелите го продуцираат медот од цветниот нектар (растителен секрет богат со шеќери) и го складираат во восочна структура наречена саќе. Медот може да се собира или од дивите колонии на пчели или од кошниците на домашните пчели, дејност која е позната како пчеларство. Една лажица мед (15 милилитри) го снабдува организмот со 64 калории, што е еквивалентен енергетски внес со 1272 kJ на 100 g.

Петти ден
Ручек: италијанска салата
Едно парче тост и 400 грама домати исечете ги на парчиња и измешајте ги. Додадете малку марула, полијте ја салатата со две лажици маслиново масло и оцет и зачинете по вкус.
Ужина: овошна салата со мед и мента
Земете едно киви и едно јаболко и исечкајте ги на коцки. Во нив додадете една лажица мед и зачинете ја овошната салата со еден лист од мента.
Вечера: паприкаш
Една главица црвен кромид исечкајте ја ситно и динстајте ја заедно со 200 грама компир, исечкан на коцкички, четири моркови исечкани на крукчиња, 100 грама печурки и малку праз. Зачинете, а потоа додадете 100 милилитри супа од зеленчук и 250 милилитри сок од домати. Оставете го на оган уште 15 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.