Лионел Меси капитенот на Барселона си купи авион за цена од 15 милиони евра. Неговата цел со тој авион е за подобро да биде поврзан со татковината.
Авионот е од моделот „Gulfstream V“ и со него Меси има намера да лета заедно со семејството на релација Шпанија – Аргентина – Шпанија.
Авионот има место за 16 лица исто така располага со две бањи и две кујни.
Меси, исто така сакаше имињата на членовите на неговото семејство да бидат напишани на чекорите на скалата.
Во моментов, авионот се наоѓа на аеродромот во Буенос Аирес.
На опашката е испишан бројот 10 – бројот со кој настапува ѕвездата на Барселона.Како што пишуваат шпанските медиуми, станува збор за авион производен во 2004 тодина Галфтрим 5, а притоа Аргентинецот порачал да се направат и одредени модификации на авионот.
Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона.
Во 2000 година го напуштил клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст).
Дебитирал во сезоната 2004/2005 и станал најмладиот играч кој дал гол во лигата.
Истата година Барселона ја освоила шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, ја освоила и Лигата на шампионите.
Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.