МПЦ - ОА и поглаварот г.г. Стефан го овластиле адвокатот Ване Андреев за свој правен застапник, непосредно пред скандалот со купувањето на огромниот плац спроти Холидеј Ин

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 9:31

Бизнис партнерот на Заеви стана и адвокат на г.г. Стефан и МПЦ – ОА?

Фото/Текст извор: ©infomax.mk

Струмичкиот адвокат Ване Андреев, кој важи за близок пријател на братот на Зоран Заев, Вице доби и полномошно да ги застапува интересите на МПЦ – ОА во правниот промет во државата

Ване Андреев инаку важи за близок пријател на семејството Заеви, со кои е во блиска бизнис релација.

Андреев се спомнува како бизнис партнер на Вице Заев во намерата за изградба на стамбен комплекс во Скопје на парцела во општина Аеродром во близина на млинот на „Жито Лукс“ на булевар Србија.

Андреев е и адвокат на Зоран Заев.

Неодамна тој добил и ополномоштување да ги застапува интересите на МПЦ – ОА во правниот промет, поточно архиепископот г.г. Стефан а непосредно по избивање на скандалот со намерата за изградба на висококатници во центарот на градот, на парцелата на постојниот паркинг простор спроти хотелот „Холидеј Ин“.

Андреев го застапуваше премиерот во предметите “Пуч” а подоцна и за “Поткуп”. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.