Фамозните македонско - бугарски историчари ја продаваат македонската историја и историски личности како на зелено пазарче, без детали, факти и објаснување пред јавноста

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 9:29

Нема Македонци, има само одродени Бугари и заедничка историја

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонско – бугарската комисија за ревизија на историјата испомеша “баби и жаби” па на своја рака менуваат идентитети на македонски историски личност и бришат Македонски историски настани.

Иако никој нема контрола во чие име и по чие овластување владина група ја менува историјата, сепак таа во Бугарија наидува на воодушевување.

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев, тој е дел од заедничката историја и не е проблем доколку, годишнината од неговата смрт или раѓање ја чествуваме заедно. -професорот Ванчо Георгиев, еден од членовите на заедничката експертска комисија помеѓу Македонија и Бугарија.

Тој рече дека покрај за Григор Прличев се договориле заеднички со Бугарите да го празнуваме и денот на светите браќа Кирил и Методиј т.е.24 мај. За Цар Самоил експертската група не нашла заеднички став и допрва ќе се преговара.

Заедничко чествување на делата на истакнатиот писател Григор Прличев и светите браќа Кирил и Методиј е она што е се договори експертската група. За цар Самоил се уште нема договор дали заеднички ќе се слави, но двете страни се согласни дека треба да се направи реконструкција на ликот и делото на Самоил. – информираше Георгиев.

Тој не сакаше да ја коментира изјавата на неговиот колега Иван Илчев, поранешен ректор на Софискиот универзитет, кој за бугарски медими наведе дека бил постигнат компромис за Цар Самоил, односно дека ,,Македонците признале“ дека тој и припаѓа на бугарската историја.

Да не посега по туѓа историја и да ги почитува принципите на добрососедството. Има цели поколенија во Македонија кои се „воспитувани со митови и легенди“. Апсолутно е нереално да се мисли дека тоа може да се промени за неколку месеци. – рекол Илчев.

Инаку кратки изјави по завршувањето на состанокот дале Ангел Димитров од бугарската страна и Драги Георгиев на чело на комсијата од Макеоднија.

Но, информациите кои ги дваат се без детали за тоа што точно се преговарало и дали се спорело околу цар Самоил. Освен што кажал дека заеднички ќе слават овие историски личности, Драги Георгиев дополнително рекол и дека било завршено изнесувањето забелешките за учебниците по историја во основното образование. Но,тој не наведува какви забелешки поднел експертскиот тим и дали било разговарано за менувањето на учебниците по историја.

Овие информации доаѓаат по третиот одржан состанок на меѓу експертското тело за заеднички историски прашања кое беше формирано пред шест месеци согласно Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.