Колешката на Василевски, Мукоски и Арнаудов, пратеничката Александрова изјави дека не знае дали нејзините колеги кои се дел од обвинетите ќе поднесат барање за амнестија

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 12:58

Ременски го најави законот за амнестија, па посочи на кого се однесува

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Координативното тело за помирување го презентираше текстот на предлог законот за амнестија, но тој денеска нема да биде ставен на дневен ред на денешната собранска седница.

Предлог законот ги содржи делата кои што нема да бидат опфатени со амнестијата.

Како што објаснија копретседавачките Фросина Ременски и Емилија Александрова со амнестијата нема бидат опфатени лицата кои според обнинието се теретат за за здружување на непријателска дејност, лицата кои влегле со оружје, била маскирани и се однесувале насилно.

Секој од обвинетите или осудените мора да поднесе индивидуално барање во рок од пет дена, а одлуката ќе носат јавното обвинителство и судот.

Нема да бидат амнестирани лица кои биле организатори на настаните од 27 април.Тука спаѓаат лицата кои носеле оруже и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата. – рече пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски Ташевска по завршувањето на состанокот на Интерпартиското тело за помируваање.

Таа рече дека членовите на ова тело ги усогласиле ставовите околу нацрт-законот кој до вечер ќе влезе во собраниска процедура. Таа рече дека законот не се фокусира на тоа кој ќе биде амнестиран,туку на делата кои нема да влезат.

Делата поврзани со терористичко загрозување и здружување заради непријателска дејност не влегува во оваа законско решение. – рече Ременски.

Таа додаде дека телото нема право да дава квалификации кој треба да добие амнестија, за тоа ќе одлучува судот врз основа на ОЈО, кое ќе се темели на доказите што ги поседува.

Ние не одлучуваме. Законот е јасен, по негово донесување секој има право во рок од 5 дена да поднесе барање за амнестија. Не навлегуваме во тоа како ќе одлучи понатаму надлежниот орган. -вели Ременски. Таа додаде дека ако некој не се чувствува виновен,не мора да поднесува барање,може да ја докажува својата невиност до крај на постапка.

Во врска со обвинувањата дека законот е селективен и не е фер и дека на овој начин се прави селективна амнестија, таа рече дека тие биле пратеници, а не судии и обвинители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести