Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември. Ако биде усвоено владиното барање, кризната состојба би била продолжена до средината на јуни следната година.

Објавил: Перо Милчин | 2 декември, 2020 8:26

Kризнатa состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Предлогот ќе биде доставен до Собранието кое треба да донесе одлука за тоа.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември. Ако биде усвоено владиното барање, кризната состојба би била продолжена до средината на јуни следната година.

Кризна состојба е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември!

Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која од денеска се воведе на целата територија на нашата држава во траење од 30 дена, поради состојбата со корнавирусот, а на предлог на Советот за безбедност.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.
 
Законот и овозможува на Владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и  сериозна според јачината и обемот на кризата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести