Проектот за зеленеење на Милано претставува амбициозен план за претворање на нефункционалните железнички мрежи во 7 паркови со по 25.000 садници.

Објавил: admin@magazin | 24 декември, 2018 16:56

Во Милано ќе бидат засадени 3 милиони дрва против загадување на воздухот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Милано е една од европските модни престолнини која се карактеризира по сивото небо,градбите и поради високата загаденост на воздухот.Од овие причини со цел да се намали загадувањето, градските власти одлучиле да го разеленат градот со 3 милиони нови садници до 2030 година.

Ново засадените дрвја на годишно ниво ќе можат да апсорбираат 5 милиони тони јаглерод диоксид со проширување на стебла за 30%. Оваа количина на зелени дрва е еднаква на 4/5 од вкупната емисија, на јаглерод диоксид во Милано.
Во периодот од десет години, стеблата од воздухот би отстраниле околу 3.000 тони PM10 честички. Се надева и пад на температурите во градот за цели 2 степени Целзиусови.

Архитектот Стефано Боери, во 2014 година во срцето на Милано создал зелена оаза. Во рамките на неговиот проект „Вертикална шума’, над градот се издигнале две станбени кули обвиени во зеленило и дрвја распоредени по терасите на градбите.
Боери нагласил дека дури 7 отсто од територијата на Милано е пополнета со флора и изразува надеж дека овој процент ќе се искачи на помеѓу 17 и 20 отсто до 2030 година.

Вклучува и збогатување на рамните покриви со вкупна површина од 10 милиони квадратни метри под зеленило, како и садење на дрвја во 2.300 училишните дворови.

Ноќите во Милано доаѓаат до 6 степени целзиусови потопли ,во споредба со местата во околината а научниците мислат дека новите зелени растенија позитивно ќе се одразат брз временските улови на овој град.
Според сознанијата од истражувања од 2015 година, најголем број случаи на предвремена смрт се случиле поради лошиот квалитет на воздухот во ЕУ, а забележани се токму во Италија, дури 84.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...