Заев од своја страна кажал дека дел од структурите на СДСМ сепак размислуваат за предвремени избори, а како таква ја посочил Шеќеринска и нејзините блиски сопартијци

Објавил: Данаил Михајловски | 17 јануари, 2019 1:33

Заев и Оливер Спасовски одлучиле да нема предвремени избори!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред да замине на скијање на Алпите, Заев имал подолга средба со министерот Оливер Спасовски и со генералниот секретар на СДСМ Кирацовски. Темата била барањето на опозицијата за избори. Заеднички заклучиле дека најдобро за СДСМ е да нема предвремени парламентарни избори.

Заев на блиските соработници им соопштил дека и ДУИ е категорично против предвремени парламентарни избори, а без поддршката на ДУИ во овој момент тешко може да се замисли стабилна влада предводена од СДСМ.

Одлуката да нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, Заев, Спасовски и Кирацовски, ја донеле врз база на неколку параметри, според нашиот извор од владеачката СДСМ. Прво, Спасовски укажал дека во таков случај би требало да има Пржинска влада, а тоа значи дека на чело на МВР ќе дојде кадар на ВМРО-ДПМНЕ, што е ризично за власта, бидејќи би можеле да бидат покренати истраги за некои корупциски теми или тендери кои беа објавени во јавноста. Второ, Кирацовски ги посочил последните анкети спроведени од агенцијата “ИПСОС“ кои покажувале дека 26,5% од граѓаните би гласале за СДСМ, 30% би му ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а околу 18% се изјасниле дека сеуште немаат одлука за кого би гласале. Преточено во бројки тоа би значело дека СДСМ би добиле околу 45 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ 53 места во Собранието.

Зоран Заев од своја страна кажал дека дел од структурите на СДСМ сепак размислуваат за предвремени избори, а како таква ја посочил Шеќеринска и нејзините блиски сопартијци, како Шилегов и Дамјан Манчевски. Затоа им дал задача и на Спасовски и на Кирацовски да го подготват теренот за евентуална одлука на оваа тема на Централниот одбор на СДСМ кон крајот на јануари. Во секој случај, Заев кажал дека во целата ситуација му одговара тоа што Али Ахмети и ДУИ се изрично против предвремени избори и дека тој аргумент ќе му користи пред јавноста. Неговото мислење било дека на СДСМ и се потребни околу десетина месеци за да спласне незадоволството од промената на името и законот за двојазичност, а дека за тоа многу ќе помогне поканата за НАТО и можните преговори со ЕУ оваа година. Според Заев, најбитната цел во следниве неколку месеци треба да биде силна кампања и посветена работа на сите функционери на СДСМ и ДУИ на проектот претседателски избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести