-Ратификација значи по првпат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје, рече Мицотакис.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 јануари, 2019 19:57

Мицотакис : “Најтажен и најтежок ден за Грција и Грчкиот народ”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата дадена веднаш по изгласаната ратификација рече дека ова е најтежок ден за Грција и грчкиот народ.

Киријакос Мицотакис го повтори истото она што го рече во завчерашниот негов говор во Парламентот дека Нова демократија, дека како влада, ќе го искористи правото на вето за интеграција на Македонија во ЕУ.

Тој исто така рече дека цело време искрено зборувал за големите тешкотии што ќе дојдат од спроведувањето на овој штетен договор, помеѓу Грција и Република Македонија.

-Ратификација значи по првпат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје. Така, се напушта децениската национална линија. Господинот Ципрас кажа „да“ онаму каде што сите негови претходници рекоа „не“. Причините, му се само нему познати, рече лидерот на Нова демократија.

-Лично, зборував искрено за големите тешкотии што доаѓаат од спроведувањето на договорот. Но, се обврзав дека ќе останам цврсто на националната должност: нема да го отфрлам правото на Грција да стави вето за интеграција на Скопје во Европската унија. Ќе се борам со сите мои сили за да ги ублажам негативните последици кои е сигурно дека ќе произлезат од проблематичниот договор, рече Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.