Пожарникарските екипи пристигнале на местото на автобуската несреќата, дури после 40 минути по несреќата.
Во тешката сообраќајна несреќа кога автобус од засега непознати причини, се преврте во близина на местото Карпалак , интервенираа повеќе спасувачки екипи меѓу кои и пожарникарите, кои дошле на местото на несреќата дури после 40 минути од кога се случила трагедијата.
Оваа изјава ја потврди Драги Тарчуговски од Центарот за управување со кризи емисија на „360“.
Како што изјави тој ова не е задоцнување со оглед на местото каде што се стационирани екипите во Автокоманда до местото на несреќата кај селото Ласкарци, особено за време на сообраќајниот шпиц во Скопје.
Пожарникарите биле задолжени за извлекување на сите патници, од кои најголем дел биле затрупани под превртениот автобус и било многу тешко за извлекување.
Во спасувачката акција помогнаа и многу сограѓани кои се нашле во близина на местото на несреќата.
Во трагичната автобуска несреќа која се случи пред 3 дена, животот го изгубија 15 лица, а многу патници се повредени и згрижени во ургентниот центар во Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.