Шабан Шаулиќ после несреќата итно е префрлен во болница, но за жал им подлегнал на повредите. Во текот на денот со подетални информации за случајот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2019 12:55

ТРАГЕДИЈА: Погина Шабан Шаулиќ утринава во тешка сообраќајна несреќа

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во тешка сообраќајна несреќа утрово во Германија, настрада кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.

Како што пишува српски курир.рс утринава во тешка сообраќајна несреќа во Германија, настрада кралот на народната музика Шабан Шаулиќ. Спрема уште несигурни информации, Шабан Шаулиќ се наоѓал во кола со неговиот кум и возачот а несреќата се случила во околината на Билефелд каде што претходната ноќ одржал настап.

Шабан Шаулиќ после несреќата итно е префрлен во болница, но за жал им подлегнал на повредите. Во текот на денот со подетални информации за случајот.

Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Шабан Шаулиќ беше роден 6 септември 1951 во Шабац.

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.

Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“.

Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...