Тиквиците се вкусен и здрав зеленчук што може да се подготви на разни начини

Објавил: Македонка Димкин | 1 јули, 2018 15:49

Потпечен компир со тиквици: Здрав ручек што лесно се подготвува

Фото/Текст извор: ©ubavinaizdravje.mk

Неверојатно вкусно и лесно јадење што можете да го послужите како прилог, но и како главен оброк


Потребни состојки:

  • 700 грама компири
  • 1 тиквица
  • 1 главица кромид
  • масло
  • зачин
  • бибер, сусам, црвена пиперка
  • лук, лута пиперка
  • мајчина душица

Начин на подготовка:

Исчистете го и измијте го компирот, па исечете го на ленти, исто како и тиквицата. Ставете го компирот во чинија, па потоа тиквицата и додајте ги сите зачини. Сето тоа добро измешајте го. Подмачкајте го плехот, ставете половина од компирот и тиквиците, па исечканиот кромид и лук. Озгора додајте го остатокот од компирот и зачините и добро израмнете. Печете во рерна околу 45-50 минути. Овој оброк одлично оди со салата или некоја супа!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кујна