Повредената девојка е однесена во ургентниот центар, а стариот човек кој брутално ја претепале приведен во полиција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 март, 2019 16:09

Пензионер (82) брутално претепал девојка во автобус во Србија- бидејќи бранела друга девојка од насилство

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во градскиот автобус на линијата 95 во Белград, се случила тепачка на двајца патници, кога дебелиот крај го извлекла една девојка, која со крв на лицето излегла од автобусот. Девојката ја претепал пензионер, затоа што го предупредила на неговото однесување.

Претепаната девојка на Твитер напиша дека била брутално претепана во автобусот 95, од 82 годишен човек.

На повикот се огласи и сообраќајната полиција, тврди една сограѓанка од Белград.Го легитимираше полицијата која го регулира сообраќајот на Зелени венец и патролата одма дошла на местото на настанот.

Прво ја испрашувале оштетената, потоа ја ставиле во итната помош и ја однеле во ургентниот центар.

Претепана сум во автобусот 95 од постар господин. Ме тепаше со тупаници во око и глава и почна да ме шутира. Тоа ми го направи, бидејќи му реков да не се однесува насилно спрема девојката, која ја извлече од автобусот, за да влезе тој внатре во автобусот и да се дере на возачот ,што задоцнил 30 минути, напиша девојката..

Од полицијата го потврдија овој случај.

Можеме да потврдиме дека овој немил настан се случи околу 8 и 50 на автобуската релација Зелени венец на смерот кон Нови Сад. Тој и задал неколку удари на оштетената во пределот на главата и телото, а обвинителството ќе одлучи, дали на пензионерот тепач ќе му биде доделен притвор или не.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...