Претседателката на дисциплинската комисија Чаушевска добила инструкции неподобните дипомати да добијат отказ!

Објавил: Данаил Михајловски | 31 март, 2019 22:46

МНР и партиските одмазди: Никола Димитров им даде политички отказ, судот му ги врати тројцата дипломати

Фото/Текст извор: ©магазин

27ми Април од Министерството за надворешни бил искористен како изговор за политички реваншизам. Министерот Димитров, заради политичка нетрпеливост, а преку злоупотреба на формираната дисциплинска комисија, им дал отказ на тројца долгогодишни дипломати, од кои едната самохрана макја, тврдејќи дека учествувале во насилствата во Собранието. Сега судот со одлука ги вратил дипломатите во МНР, поништувајќи го политичкото решение на дисциплинската комисија на министерот Димитров. Дали Никола Димитров ќе поднесе оставка за ваквата злоупотреба, или дали барем ќе им се извини на тројцата колеги дипломати?

Имено, во Октомври 2017 година, МНР тврдеше дека во соработка со МВР утврдило присуство на нивните вработени во толпата што влезе во Собрание, поради што покренале дисциплинска постапка против Сузана Ѓ., Игор Д, Васко Д. и Трајче Р. Сите четворица дипломати веднаш беа суспендирани, иако секој од нив лично објаснил и пред министерот и пред државниот, дека немаат направено ништо незаконски, ништо насилно, ниту недостојно за професијата. Едниот од нив дури и им објаснил дека на тој ден, според печатот од патната исправа, не бил ниту во Македонија. Но, според нашиот извор од МНР, дисиплинската постапка продолжила затоа што и министерот Димитров и секретарот Виктор Димовски биле убедени дека на таквите политички неподобни дипломати, кои не ја подджуваат актуелната власт, треба да им се одржи строга воспитна лекција, дека сите треба да летаат од работа и тоа да биде пример и страв за другите во МНР, за да бидат соработливи.

Самата порака што министерот Димитров ја објави на ФБ при покренувањето на дисциплинската постапка против неговите колеги во МНР, “има линија што дипломат не смее да помисли ја да премине“, звучеше како јавна директива за најстрога казна и бркање од работа на неподобните дипломати. Но, прашање е дали сега Димитров ќе објави пост на Фејсбук со содржина “извинете колеги дипломати што неоправдано ви дадов отказ и добредојдовте назад во МНР“? Нашиот извор од МНР коментира, доколку е принципиелен, ќе им се извини, но доколку Димитров по карактер е лицемер, тогаш нема.

Претседателката на дисциплинската комисија, која била во состав Јадранка Чаушевска (претседател), Зуко Ризвански, Орце Џалевски, Борчо Дамјанов, Фатон Бејта, Драгољуб Павловски, според изворот од МНР, добила инструкции од министерот Димитров и држ.секретар Димовски, “овие обвинети и неподобни дипомати да добијат отказ од работа и да бидат избркани од МНР“! За возврат им била ветена кариерна награда. Па така, за само еден месец површна истрага, во Ноември 2017 година, неподобните дипломати беа отпуштени од работа. Колегите што ја екзекутираа оваа политичка одлука за отказ, си ги добоја ветените награди: Чаушевска стана амбасадор во Париз, Џалевски доби мандат во Прага, Борчо Дамјанов стана директор за набавки во МНР, Ризвански доби мандат во Каиро, Драгољуб Павловски стана конзул во Детроит, додека Фатон Бејта (внук на Небзат Бејта) очекува да биде амбасадор во Копенхаген.

По 18 месечна голгота, особено тешка за самохраната мајка дипломат, судовите ја поништиле одлуката на дисциплинската комисија и наложиле на МНР да ги врати на работа неосновано избрканите дипломати. Еден од овие дипломати, кој во исто време имал мандат во САД во времето кога Димитров беше амбасадор, кажувал пред колегите дека тогаш многу му помагал на амбасадорот Димитров за повеќе лични и конзуларни работи, но не верувал дека ќе испадне ваков нечовек и дека ќе води партиски инспириран реваншизам.

МНР во овој случај нема да има замо морална одговорност, туклу и финансиска, затоа што на избрканите дипломати ќе треба да им ги врати сите загубени средства, можеби и некоја оштета, а пред судовите ќе треба да ги покрие трошоците за судските постапки. Но, се се врти и ништо не е вечно. Само прашање е како утре егзекуторите Никола Димитров, Јадранка Чаушевска, Џалески или Борчо Дамјанов, ќе ги погледнат во очи колегите со кои заедно треба да дочекаат пензија, а на кои пред 18 месеци заради реваншизам им дадоа отказ и им го одземаа лебот. Уште позанимливо ќе биде доколку во други политички констелации некој од овие неоправдано избркани дипломати стане државен секретар, амбасадор или директор на организациони работи во МНР.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести