Патиштата одзедоа уште еден млад живот

Објавил: admin@magazin | 6 јули, 2018 11:00

Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица-Кочани

Фото/Текст извор: ©мвр

На 05.07.2018 година во 15,50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин. Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

(фотоилуцтрација)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести