Според пријавеното, доцна синоќа во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

Објавил: Весна Петровска | 14 јануари, 2020 14:09

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Загина 17- годишна девојка, а уште две лица се повредени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во тешка сообраќајка кај Миладиновци загина малолетничка, а уште две лица се тешко повредени.

Според пријавеното, доцна синоќа во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

За потсетување, вчера на Стара нова година имаше страшна сообраќајна несреќа во скопската населба Козле во несреќата беа повредени четири лица.

МВР секојдневно информира каква е состојбата на скопските улици, и според нивните информации нема ден да не помине без несреќа или сообраќаен прекршок.

Во изминатот деноноќе на скопските улици се случиле 13 сообраќајки.

Од МВР апелираат до возачите доколку конзумираат алкохол да не управуваат со возилото за да не дојде до несакани несреќи кој би можело да резултира со повредени и жртви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести