За третото место успеа да се избори Себастијан Фетел, за кого ова е прв подиум од почетокот на оваа сезона.

Објавил: admin@magazin | 14 април, 2019 14:50

Луис Хамилтон повторно светски првак, го освои денешното Гран При на Кина !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Големата ѕвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои денешното Гран При на Кина, третиот круг од сезоната 2019 во Формула 1.

Луис Хамилтон петкратниот светски шампион  го освои годинешното Гран При на Кина, во третиот круг од сезоната 2019 во формула 1.

Хамилтон започна втор, но уште на излез од првата кривина го претекна клупскиот колега Валтери Ботас и прв ја поведе колоната. Луис се до крајот на трката, не остави шанса на болидите зад себе и со лесна тактика го контролираше растојанието пред вториот Валтери во цела трка.

На тој начин Британецот го смени на првото место пилотот од Финска и веќе е лидер на табелата со шест поени предност.

На 28 септември 2012 година било потврдено дека, по завршувањето на сезоната,Луис Хамилтон го напушта „Мекларен“ и дека му се приклучува на тимот на „Мерцедес“, во траење од три сезони. На почетокот од април 2015 година, Хамилтон ја продолжил соработката со „Мерцедес“, потпишувајќи нов договор со кој било предвидено да заработува по 27 милиони фунти годишно.

За третото место успеа да се избори Себастијан Фетел, за кого ова е прв подиум од почетокот на оваа сезона.

Четирикратниот светски шампион прво мораше да се справи со тимскиот колега Шарл Леклер, а подоцна се одбрани од најбрзиот во оваа фаза од трката во Шангај, Макс Верстапен.

Холанѓанецот го претекна со својот Ред Бул, но атрактивниот контранапад од страна на Себ на крајот му го донесе третото место во финалето.
Верстапен не успеа да ја исполни заканата и да му врати на Фетел по вчерашниот спор меѓу нив во квалификациите и остана зад него на четвртата позиција. Леклер не успеа да ги нападне првите тројца и заврши на одлично петто место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

Конечно добра вест за состојбата на Михаел Шумахер

Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил...