Јуришниците на Шарената револуција разочарани од актуелната власт

Објавил: Узунов Бобан | 15 април, 2019 17:24

Некој се бори за лек, некој за глас-министерот за здравство Филипче не излажа за лек

Фото/Текст извор: ©магазин

Мери Николова една од фронтмените на шарената револуција преку Фејсбук статус пишува дека министерот за Здравство Венко Филипче излажал многу семејства за лекови за пациенти со ретки болести.

Мери Николова една од најгласните активистки на СДСМ и една од фронтмените на „шарената револуција“  се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата. 

Филипче не само мене што ме излажа за лекот за ретки болести и за тендерот, тој лажел и многу други семејства меѓу кои и оваа мајка која ми се обрати: Јас сум самохрана мајка која што имам девојче од 9 години со срцева малфомација. Оперирана три пати во Софија и повеќе пати катетаризирана исто во Софија со ситемот се борам за лек кој што е од животно прашање. Пред четири години со последната операција се јави белодробна хипертензија на листа на ретки болести, прима двокомпонентна терапија за едната се изборивме но за другата четири години ништо, лекот го набавувам се уште приватно, а е многу скап. Министерот пред Нова година вети дека ќе го има лекот но ништо до ден денешен, повеќе не знам каде да се обратам, а финансиски сум немоќна, невработена и живеам од семејна пензија. Маж ми почина пред 4 години, го продадов станот за лекување, но и тоа заврши. Некој моли за гласови, некој за лекови. Секој со својата мака, се додека народот не се освести и не свати дека политичарите се најголеми лажови и тендераши!,  (Фејсбук статус на Николова Буџаку)

Инаку, министерот за здравство Филипче деновиве е на мета на критика на јавноста поради епидемијата на морбили во земјава и неспремноста на здравствените власти да се справат со истата. 

Епидемијата која се прошири во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Штип, Кичево и Прилеп во моментов има зафатено над 1.000 заболени со оваа опасна заразна болест. Информацијата дека бремена жена, заболена од морбили го загуби бебето во шестиот месец од бременоста, посебно ја потресе јавноста и јави соммнеж и страв кај трудниците и скоро породените жени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.