недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



Караванот на ДИК за дистрибуција на материјалите ќе тргне од Битола, откако доверливите изборни материјали ќе бидат подигнати од печатницата „Киро Дандаро“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 11:21

ДИК денеска ќе изврши дистрибуција на доверливиот изборен материјал до општинските комисии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија денеска ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии, за престојните избори кои ќе се случуваат во недела на 21 април.

Караванот на ДИК за дистрибуција на материјалите ќе тргне од Битола, откако доверливите изборни материјали ќе бидат подигнати од печатницата „Киро Дандаро“.

Оттаму ќе продолжи со дистрибуција во сите 80 општински изборни комисии, а како што посочија од Комисијата за МИА дистрибуцијата треба да заврши до крајот на денот.

 

Инаку на полноќ истече рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.

Блерим Река од Алијансата на Албанците ќе биде прв на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, со реден број „два“ ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека бројот „три“ ќе го добие Стево Пендаровски од СДСМ.

Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на денешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.

Државната изборна комисија ДИК извести дека на шестите претседателски избори право на глас имаат 1.808.131 избирачи. За претседател ќе биде избран кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.

Во недела заклучно од 7 часот до 19 часот, ќе се одржуваат шестите по ред претседателски избори на кои граѓаните ќе го дадат својот глас за еден од тројцата кандидати, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.