Знам дека најпосле имаме избор, ама имаме избор: универзитетски професор, правник, човек со професионален, човечки интегритет и најважното – животно искуство!

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2019 2:19

БОЈАЏИ: Гордана Силјановска ќе ја врати Македонија на убавиот пат, на патот на ИДЕАЛИЗМОТ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Режисерот на филмот „Ругање на Христа“, Јани Бојаџи кој добиваше закани од страна на УЧК за своето авторско дело и имаше претрес во својот дом од полицијата поради прикажувањето на неговиот филм, на социјалните мрежи отворено ја поддржа кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Јани Бојаџи, познатиот режисер кој ја обвинуваше власта дека врши секаков можен притисок, се со цел да го запре прикажувањето на неговиот филм „Ругање со Христос“, на социјалните мрежи изрази голема поддршка на кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Бојаџи напиша дека со избирањето за претседател на Гордана Силјановска Давкова, таа ќе ја врати Македонија на убавиот пат, а тој ќе направи се тој пат  да го изоди со одмерен ама сигурен чекор.

Убеден сум Драги мои дека Гордана Сиљановска ќе биде претседател кој Трayмата наречена Македонија дел од Европа повторно ќе ја врати на убавиот пат, на патот на идеализмот!

Драги мои, остварувањето на најголемата и највозвишената цел на мојата генерација – Македонија како дел од модерна Европа, од Идеал го претворија во Траума!
Траума која создаде меѓусебна недовepба и aнтaгoнизми кои, сега е сосема и секому јасно, нема бpгy да завpшат!
Знам Драги мои дека слушнавме многу лaги за тоа како утре, евентуално задутре ќе стигнеме на крајот од ова Македонско патување до Европа.
Имав пpoклета среќа, го прошетав светот, ја запознавам Европа од блиску, и верувајте ми, таму нема да стасаме со лaги и ветувања на кои тука никој, ама никој не им верува! Европа драги мои видела и поголеми и постpaшни измaмници од нашите.

Затоа тука се што прават е праведно и според законот. Знам дека сите си го поставуваме истото прашање: кој ќе не извлече од ова жива кал на изгyбенa нaдeж?

Имаме ли избор, се прашуваме?

Знам дека најпосле имаме избор, ама имаме избор: универзитетски професор, правник, човек со професионален, човечки интегритет и најважното – животно искуство!

Убеден сум Драги мои дека Гордана Сиљановска ќе биде претседател кој Трayмата наречена Македонија дел од Европа повторно ќе ја врати на убавиот пат, на патот на идеализмот!
Ќе направам се тој пат Драги мои да го изодиме со одмерен ама сигурен чекор”, пишува режисерот на единствениот забpaнет филм во историјата на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...