Триесет дена притвор доби Стојанче Р. (49) од тетовско Јанчиште, кој со камен му ја здроби главата на на газдата од Холандија, Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, по претходна расправија.

Објавил: Македонка Димкин | 11 мај, 2019 16:50

ВИСТИНАТА ЗА УБИСТВОТО НА ХОЛАНДСКИОТ ГАЗДА ВО СЕЛО ПРЕЉУБИШТЕ ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

ВЧЕРАШНАТА ВЕСТ ЗА УБИСТВОТО НА ХОЛАНДСКИ ДРЖАВЈАНИН ОД СТРАНА НА НЕГОВ ВРАБОТЕН ПРЕДИЗВИКА БУРНИ РЕАКЦИИ КАЈ ЛУЃЕТО , СИТЕ ГО ОСУДИЈА ЧИНОТ НО ИСТО ТАКА ЈА РАСКАЖАА И РЕАЛНОСТА.

Имено, фирмата Еуроплантс во сопственост на холанскиот државјанин (сега веќе покоен) има вработено околу 150 луѓе од село Прељубиште и околните тетовски села. На почетокот се било розево и убаво, вработените земале од 86 до 105 денари по саат, а работеле по 10 саати дневно.
Но како се зголемувале полињата и расадниците на газдата (проценети на повеќе од 50 милиони евра), така се зголемувала и неговата демонстрација на моќ и сила врз неговите вработени. Бил познат по тоа што често физички се пресметувал со вработените и тоа без причина.

Триесет дена притвор доби Стојанче Р. (49) од тетовско Јанчиште, кој со камен му ја здроби главата на на газдата од Холандија, Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, по претходна расправија. По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.
Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.
Не е позната причината за расправија – додека некои велат дека се работи за долг за плата, други велат дека убиецот бил револтиран од тоа што бил фатен на спиење.
Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот Борец ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс“. Фото Медиапринт

Покојниот не го зборувал македонскиот јазик, зборувал само Холандски и очекувал вработените да го разберат. И доколку не го разбирале била доволна причина за тој да отпочне физичка пресметка со нив а секако дека меѓу вработените имало и жени.

Вработениот не бил фатен како спие, туку во заедничка обиколка на расадниците дошла до кавга која понатаму ескалирала.
Повеќе детали од целосниот случај се очекува од јавното обвинителство, кои заедно со полицијата биле на местото на настанот и земале изјави од повеќе вработени.

Факт е дека чинот е негативна порака за странските инвеститори во земјата, но дали некој може да го оправда ваквиот однос на газдите спрема своите вработени?

Можеби ќе треба многу време да се добие одговор на ова прашање бидејќи и македонците не се „стока„ туку луге кои сакаат само да работат а за нивната работа очекуваат да бидат платени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.