Ќе ја добиеме битката на судски пат, ќе се мачиме но не се предаваме ние бидејќи сме невини и правдата ќе стигне.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 мај, 2019 12:54

Јане Ченто се огласи на Фејсбук откако Иванов не го помилува- еве што напиша за него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе екс претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов не ја искористи можноста да ги помилува осудентите за настаните од 27 април.

Јане Ченто се огласи на Фејсбук по одлуката на Иванов да не ги помилува осудените за 27 април

Само еден ден пред да истече неговиот мандат се огласи на Фејсбук, Јане Ченто, внукот на првиот претседател Методија Андонов Ченто. Тој порача на граѓаните да не му замеруваат на Иванов за неговата постапка.

„Не му замерувајте на г-динот Иванов што не го искористи неговото право за да го запре лудилото во кое се наоѓаме долго време и ние и нашата држава Република Македонија. Не ги знаеме околностите што се одвиваат зад затворени врати, дали биле притисоци, уцени и слично, не може секој да се спротистави тоа е до карактерот. Но што е тука е. Борбата продолжува. Ќе ја добиеме битката на судски пат, ќе се мачиме но не се предаваме ние бидејќи сме невини и правдата ќе стигне. За да бидете вистински Претседател на државата треба да се грижите за сите од таа функција која ја имате, тоа го прават вистинските државници.Историјата ќе суди за сите политичари па така и за г-динот Иванов дали бил добар или лош Претседател на Република Македонија.Ми беше чест и задоволство што учевствував во кампањата и 2009 и 2014 година и застанав зад него за да биде Претседател на Република Македонија, дали било исправно или погрешно ќе суди историјата како и секогаш.Јас само ќе му се заблагодарам на г-дин Иванов што постхумно му го додели највисокиот орден на државата на Методија Андонов Ченто на 22 октомври 2010 година и го одликува Ченто со „Орден на Република Македонија“ и ние како фамилија го примивме тој орден и горди сме на нашиот татко, дедо, прадедо Ченто и сме благодарни што како институција Претседател ни беше укажана таа чест и што редовно бевме поканети на сите државни манифестации кои ги организираше Претседателот.

Г-дине Иванов Ви посакувам се најдобро Вас и на Вашата фамилија“, напиша Јане Ченто на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.