На денешната седница беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 мај, 2019 20:27

Собранието денеска усвои три од законите кои беа одбиени од Иванов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во рамките на 97. седница, Собранието усвои три од законите кои не ги потпиша Иванов.

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила, а спикерот Талат Џафери на неколку наврати изјави дека ќе чека да замине Иванов за законите да бидат потпишани.

На денешната седница беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Усвоени три од законите кои не ги потпиша Иванов

Ова се дел од законите кои беа усвоиени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата односно дека не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот…“

Беа одбиени 11 закони, и тоа: Закон за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција; Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката,  културата, мас-медиумите, млади и спорт; Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија; Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;Закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации;Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести