Македонија ја напуштиле 200.000 Албанци во потрага по работа или пак подобар живот?!

Објавил: Едмонд Бекири | 15 мај, 2019 9:02

Албанската Влада ги укина работните визи за Албанците од Македонија и од Црна Гора?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Порталот „Балкан инсајт“ известувајќи за одлуката на албанската Влада да ги укине работните визи за Албанците од Македонија и од Црна Гора, се повикува на проценки дека околу 200.000 припадници на најголемото македонско малцинство веќе ја напуштиле земјата.

„Според некои проценки, околу 200.000 етнички Албанци од  Македонија си заминале за да работат во некоја европска земја, барајќи подобри економски услови“, стои на крајот од написот посветен на одлуката на Владата на Еди Рама од 10 мај, според која Албанците од двата албански соседа го добија тоа што и нивните сонародници од Косово и од Прешевска долина во мај 2014 година.

Во врска со оваа изјава, министерот за надворешни работи Гент Цакај, роден во Косово на фејсбук напиша:
„Иако тоа може да изгледа како потег без непосредно влијание или звучи како потполно симболична иницијатива, ова е неопходен чекор кон зголемување на врските со Албанците во соседните земји без диференцијација врз основа на државјанството“, .

На територијата на Република Македонија првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население. Постојат руски, француски, грчки и други извори на податоци за попишување на населението во 19-тиот век. 


Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година. 
По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. 

Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада.  Додека пак  во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување. 
Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија и тогаш биле регистрирани 506.083 Албанци.

Пред започнувањето на пописот, на 30 септември 2011 претседателот на Државната пописна комисија Весна Јаневска поднела оставка. По оставката, Пописната комисија одржала седница на која ја назначила Слободанка Гиевска за нов претседател на Комисијата. На местото на Беџети кој исто така си поднел оставка, како нов потпретседател на Комисијата бил избран Бујар Османи.

Според  шпекулаците, на предвремените парламентарн избори кои се одржаа на 5 Јуни 2011 се очекувало да  победи  опозициската СДСМ по што веднаш би се  преминало на тиранската платформа  а потоа би се решавал и проблемот со името. Но повторно победи ВМРО -ДПМНЕ по што во последен момент се прави план да се прекине пописот кој се припремаше неколку години порано. Овој неуспешен попис ја чинел Македонија скоро 15 милиони евра.

Тогаш на  Македонската јавност не и беше кажано од кои причини не се спроведе толку неопхдониот попис во Република Македонија, но според актуелните збиднувања се лини дека е повеќе од јасно зошто се прекинал „фамозниот попис„ од 2011 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести