Со два прелета во воздушниот простор на Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing” (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Грција.
Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.
Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО. Тоа е знак за усогласеноста, поделба на одговорноста и солидарноста ширум Алијансата.
Надоместот за тоа е стабилноста во нашиот регион, тоа сакаме да го добиеме за возврат. Сакаме сосед што е политички стабилен, но стабилен и од аспект на безбедноста. Само кога ќе имаме стабилен и безбеден сосед, тогаш ќе се чувствуваме безбедно – рече Ципрас во изјава од 2 април оваа година одговарајќи на новинарско прашање дали без или со надомест ќе врши надзор на безбедноста на нашиот воздушен простор
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.