Софија Куновска во текот на својата политичка кариера била член на Советот на Град Скопје.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 0:24

Софија Куновска „УДРИ ЖЕСТОКО“ по СДСМ: Срам да ви е и арам!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Бившата пратеничка на СДСМ, Софија Куновска напиша жестоки критики за владејачката партија, откако градот Охрид се најде на листата на загрозено светско наследство.

Куновска реагираше на социјалните мрежи и удри жестоко по СДСМ, откако УНЕСКО го вклучи алармот и во својот најнов извештај препорачува Охрид и регионот да бидат ставени на листата на загрозено светско наследство. Софија Куновска во текот на својата политичка кариера била член на Советот на Град Скопје, додека во периодот од 2014 до 2016 година била пратеник во Собранието на Република Македонија. 

Роберт, Цветанка и останати,
Не ви е ли срам да одите утре повторно на работа после ова?
Ова не е само за срамота и за оставка.
Ова е и за кривична пријава.
Злосторство. Срам да ви е и арам, напиша Куновска.

Софија Куновска е македонска глумица и политичар. Софија Куновска во 1989 година дипломирала на Факултет за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, класа драмски актери.

Од јануари 1991 има статус на слободен уметник. Во Драмски театар Скопје се вработила во 1992 година. Има реализирано бројни улоги во драмски, телевизиски и филмски проекти. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.