Месец јуни е веќе доаѓа на прагот, а месец мај ни донесе многу нестабилно време, кое беше проследено со обилни врнежи низ целата земја.
Во наредниот месец следува целосен пресврт на временската прогноза во Македонија како и температурен шок во земјава.
Кон средината на овој месец температурата ќе се искачи и до 31 степен.
Метеоролошкиот сервис “Аку Ведер“ ја објави деталната временската прогноза за цела Европа за ова лето. Според прогнозите на поголемиот дел од Европа му се закануваат опасни топлински бранови, додека во Југоисточна Европа се очекуваат многу силни невремиња.
Како што пишува “Аку Ведер“ повеќе делови од Балканот ќе има топлинските бранови, но екстремната жештина ќе биде ограничена.
Исто така Европа ќе биде под удар на сушно време и топлински бранови, на поголемиот дел од Југоисточна Европа му се закануваат силни невремиња кои ќе бидат проследени со грмотевици и тоа претежно во попладневните и вечерните часови. Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови и поплавите, а топлотниот бран годинава ќе биде подолг отколку минатото лето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.