За случајот се огласи и адвокатот Тортевски на Твитер кој вели дека тужба нема да помогне на измамените.

Објавил: Весна Петровска | 28 мај, 2019 16:50

Тортевски советува: Измамените од „Нефа Мебел” не треба да тужат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако одекна скандалот во сите медиуми за продавницата на мебел НЕФА и дека стотина граѓани остана измамени, финансиската полиција реши да воведе истрага.

Отвораме предистрага по допрен глас добиен од медиумите. И Пазарната инспекција побара да се вклучиме во проверките за измамените граѓани“, велат од Управата за финансиска полиција.

Српско-руската фирма „Нефа мебел“ ги затвори салоните и во Србија, каде што исто така поголем број на нивни муштерии останаа со неиспорачани парчиња мебел за кои платиле.

За случајот се огласи и адвокатот Тортевски на Твитер кој вели дека тужба нема да помогне на измамените.

– Излажаните од Нефа мебел не треба да тужат. Изгубиле пари за упалти, сега ќе губат за судски и адвокатски трошоци, а нема да наплатат ништо. Само ЈО кривична против одговорните лица. Со меѓународна потерница. Ако ги фатат на некој аеродром ќе ги донесат и ќе си платат како попчиња, стои во твитто на адвокатот Александар Тортесвки.

Рускиот инвеститор Андреј Ходашевич по скандалот се огласи и ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите, и дека до 31 мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.