Јавноста за прв пат слушна дека во владата постои советник на Заев кој има врски во кабинетот на Макрон!

Објавил: Данаил Михајловски | 30 мај, 2019 13:39

Заев: Зафировски ми е советник и има врски со Макрон, а Алекс Ружин носи инвеститори!

Фото/Текст извор: ©магазин

Зафировски има има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку информации за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на претседателот Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска имаа резерва за проширувањето на ЕУ. Зафировски е приватен стопанственик и неговиот хонорар е поголем затоа што поголем дел поминува во Франција, трошоците таму се поголеми и законот го дозволува тоа. Затоа е таа сума од 75.000 денари – рече премиерот Заев, одговарајќи на пратеничкото прашање поставено од Антонијо Милошоски.

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување кон ЕУ“. Ова е единствената информација која може да се најде во јавноста за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот со највисока плата во кабинетот на Заев не може да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Зафировски нема објавено ниеден труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија или со Франција. Такво нешто не постои.

На ова Милошоски забележа дека ако Заев сакал да ангажира некој кој навистина ќе помогне да се унапреди комуникацијата со Франција и со актуелното француско раководство во Париз, требало да ја ангажира Проф. Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи, франкофон и истакнат политичар. 

Милошоски изјави дека ангажманите на Александар Ружин (син на Нано Ружин), на непознатиот советник Љупчо Зафировски, на Мерсел Биљали (советник за меѓуетнички односи со 40.000 денари хонорар) и на Исмет Рамадани (советник за НАТО со 40.000 ден. хонорар) претставува поткуп на јавното мислење со државни пари, бидејќи овие советници или нивните блиски најмногу од се што прават е гостување по телевизии во кои се претставуваат како експерти и го фалат Заев дека е најдобар, најуспешен и највреден премиер и политичар. “Овие луѓе господине Заев се ваши платени фалбаџии, и тоа платени со државни пари“, реплицираше Милошоски.

За младиот советник Александар Ружин, за кој јавноста знае дека има приватна фирма за трговија со автомобилски гуми Бенелук Тунинг. Но, Заев рече дека тој ги спроведува разговорите со заинтересирани компании за инвестиции, дека бил роден во Париз, а живеел и во Брисел додека татко му бил амбасадор, и дека Александар Ружин има конекции што овозможуваат да биде олеснувач и на други процеси, а декља последниве денови помага за отворање на компанија која сака тука да произведува армиски делови.

Во македонската јавност Александар Ружин е познат како еден од учесниците во “Шарената револуција“, како нумеролог кој на својот профил ги открива тајните на броевите, како човек кој во Скопје е присутен во вестите од естрадата, а поголема популарност стекна како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола. Но, досега во јавмоста не се слушнало за негов дипломатски или инвестициски проект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести