Многумина сметаат дека поради тоа што пижамите ги носиме само во текот на ноќта не е потребно да ги переме често, но сепак не е така.
Секако тие воглавно се чисти но на нив има многу бактерии па поради тоа истражувачите и дерматолозите се согласни во тоа дека пижамите со кои спиеме треба да ги переме и менуваме почесто.
Доколку не ги перете често, постои ризик од појава на инфекција на кожата, создавање на цисти или бактерии од кои не можеме лесно да се откачиме.
Како што покажаа псоледните истражувања, мажите ги менуваат пижамите на 14 дена, а жените пак на 17 но ова е погрешно.
Сали Блумфајлд, која е професорка од една медицинска школа од Лондон изјавила дека токму пижамите со кои спиеме се најгомелеми непријатели на нашата кожа.
На нашата кожа во секој момент постојат голем број на микроорганизми. Некои од нив имат „добра“ функција, односно не се штетни по нашето здравје, но поголемиот дел од нив имаат спротивно влијание и може да предизвикаат сериозни проблеми доколку навлезат во интимните подрачја или уринарниот тракт, изјавила таа.
Според резултатите од последното направено истражување повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не ги менуваат често пижамите бидејќи немаат потреба за често перење затоа што се носат само неколку часа и тоа во текот на ноќта кога не сме активни.
Дури 73% од мажите изјавиле дека нивните сопруги не ги перат често пижамите, па тие мораат да ги носат тие што ги имаат, па поради тоа и не ги менуваат често.
Според научниците бактериите преминуваат од една на друга личност, и поради тоа препорачуваат често менување на пижамите особено доколку спиете со вашиот сопруг или дете во ист кревет. Тие велат постои можност многу лесно бактериите кои се на нив да се пренесат.
– Пижамата треба да се пере минимум еднаш неделно. Ако предолго чекате, ќе се насоберат премногу бактерии, па и кога ќе ја исперете, нема да биде потполно чиста, рекла професорката Сали.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.